Јужна Кореја бесна на Јапонија за планот за испуштање на радиактивна вода од Фукушума во океанот

Од:

Поради одлуката на Јапонија да испушти радиоактивна вода од нуклеарната централа Фукушима во океанот, јапонскиот амбасадор во Сеул е повикан на разговори во јужнокорејското МНР.

Британските медиуми претходно сооштија дека кинеското Министерство за надворешни работи оваа одлука на јапонската Влада ја нарече „неодговорна“ и дека јапонските рибари силно се спротивставуваат на решението за испуштање на радиоактивната вода од Фукушима.

Испуштањето треба да почне приближно две години откако ќе се филтрира контаминираната, радиоактивна вода и ќе се отстранат штетните изотопи од неа.

Долго време се шпекулираше дека владата ќе донесе ваква одлука, а која се одложуваше неколку години поради протести и безбедносни причини.

Одлуката, меѓутоа, конечно е донесена на владината седница на која се наведува дека ослободувањето на загадената, радиоактивна вода во Пацификот е најдоброто решение, се наведува во извештаите на американските медиуми.

Експертите од ТЕПКО, компанијата што управува со Фукушима, и владата на Јапонија соопштија дека само тритиумот што во мали количества, по разблажувањето што е во план, нема да биде штетен за животната средина и здравјето на луѓето, наведувајќи дека нивото на целиот друг радиоактивен материјал во водата може да се намали на дозволеното ниво.

Некои научници, меѓутоа, предупредија дека засега не се познати долгорочните штетни ефекти од ослободувањето на големи количества радиоактивна вода врз морскиот живот.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија