ВИДЕО: Пукање во средно училиште во САД, повеќе луѓе се ранети, меѓу нив и полицаец

Од:

Повеќе луѓе се погодени со огнено оружје во последниот инцидент со пукање во САД, кога непознат напаѓач или напаѓачи отвориле оган во средно училиште во Ноксвил, во државата Тенеси.

Меѓу ранетите е и еден полицаец, според официјални извори, но не се соопштува под какви околности тој бил погоден.

До инцидентот дошло во училиштето Остин-Ист Магнет, а како што јавуваат медиумите, полицијата соопштила дека училиштето е обезбедено, а учениците кои не биле засегнати од пукањето биле пуштени дома кај нивните семејства.

Полицијата не објави никакви детали за сторителите и за мотивите на нападот, кој е еден од серијата крвави пресметки кои се случија во САД изминативе недели.

Регионот на Ноксвил исто така имал големи проблеми со насилството меѓу тинејџерите, а само во минатата година во ова училиште имало пет тешки инциденти со огнено оружје, во кои животите ги загубиле четворица ученици.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Хегсет за преместувањето на американските бомбардери на Блискиот Исток: Иран нека сфати каква е пораката