Крадец ограбил кола на вработена во МВР кај полициската станица „Бит-пазар“

Од:

Обвинителството ќе гони крадец кој провалил во „Ауди“ во сопственост на вработена во Министерството за внатрешни работи и одзел пари и предмети вредни околу 50.000 денари.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик,“ се вели во соопштението од Обвинителството.

„Обвинетиот 47-годишник, на 28 март, со провалување во патничко моторно возило Ауди на булеварот „Никола Карев“ зад полициската станица „Бит-пазар“ одзел пари, банкарски картички, две службени легитимации од МВР и картичка за влез во МВР, како и други предмети во вкупна вредност од 50.000 денари. Кога ја забележал оштетената како ја остава чантата на задното седиште и го заклучува автомобилот, обвинетиот употребил апарат за блокирање на сигналот и системот за затворање, со што спречил да се заклучи вратата на автомобилот. Кога оштетената се оддалечила тој влегол во автомобилот, ги одзел наведените предмети и избегал,“ велат од ЈО.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Со ловечка пушка се заканувал во адвокатска канцеларија во Кичево

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Велешанка ги оставила петте малолетни деца и заминала за Скопје

10-годишно девојче повредено од заталкан куршум во Глумово