Мала хималајска нација за седум дена го вакцинираше целото возрасно население

Од:

Кога Индија во јануари му подари на Бутан вакцини против Ковид-19, соседното кралство направи необичен избор. Наместо да брза да ги вакцинира сите 800.000 граѓани, Владата побара совет од телото на будистичките монаси – Џунг Дратсанг.

Ѕвездите не беа поволни, оценија тие. Подобро е да се почека два месеца, а потоа да се биде сигурен дека првата доза од вакцината ќе ја прими жена родена во Година на мајмунот.

Така Бутан чекаше до 27 март пред Черинг Зангмо да и ја даде првата доза на Нинда Дема. Вакцинацијата се случи во училиште во главниот град Тимфу, во 09,30 часот, откако се изговорени молитви и запалени светилките. Но, од тој момент немало повеќе одложувања. Во рок од само една недела беше надминат светскиот рекорд со вакцинирање на 85 отсто од возрасната популација во Бутан. Само две земји, Израел и Сејшелите, вакцинираа малку поголем број луѓе, но им требаше подолго време.

Заслугата не е само на астролозите на Бутан, туку и на неговите политички лидери. Јигме Кесар Намгиел Вангчук, „Кралот на змејовите“, ги формираше Мировниците, корпус на државната служба во портокалови комбинезони кои помогнаа да се воспостават и се разработат повеќе од 1200 станици за вакцинација низ целата земја. Премиерот Лотаи Шеринг е лекар, а министерката за здравство Дечен Вангмо има диплома за кардиолог и епидемиолог на престижните американски универзитети.

Владата избрана во 2018 година, која го потенцираше јавното здравство, енергично реагираше на пандемијата на коронавирусот. Мерките за карантин беа строги. Во март, кралот помина задолжителна недела во изолација откако се врати во Тимфу по обиколката на јужните провинции, а премиерот се затвори 21 ден по официјалното патување во Бангладеш.

Премиерот Шеринг објаснува дека причината е што логистиката за складирање и доставување на вакцини е сложена, а бидејќи некои луѓе страдаат од несакани ефекти и на сите ќе им треба дополнителна вакцина, имало смисла да се поттикне јавноста на вакцинација, претворајќи ја кампањата во национален настан. Збиениот распоред беше разбирлив и од друга причина. Индија, која е традиционален хуманитарен дарител на Бутан, не му даде на својот сојузник целосно снабдување со вакцини одеднаш. Со брзото вакцинирање на сите, Бутан исто така изврши суптилен притисок врз Индија, која се соочува со свои проблеми во снабдувањето, наскоро да испорача дополнителни вакцини.

Иако Бутан има само еден смртен случај предизвикан од коронавирусот, не помина се во најдобар ред. Невработеноста е на рекордно високо ниво, иако изнесува само пет проценти. Цената на зеленото чили, главната состојка на „ема датши“ – главното јадење, достигна речиси 10 долари за килограм. Министерот за внатрешни работи неодамна поднесе оставка откако наводно поднел лажно барање за осигурување на неговиот автомобил. Сепак, тоа се проблеми кои би сакал да ги има остатокот од светот.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Еден од осум луѓе кои страдаат од коронавирус развива најмалку еден симптом на долгорочен ковид

Катерина Ѓуровски

Коронавирусот е направен во лабораторија тврди руското Министерство за одбрана