Авганистанската Влада наскоро ќе испрати претставници во Катар, со цел да разговараат со талибанците за мир, најави денеска претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи.
Претседателот соопшти дека Високиот совет за мир ќе замине за Катар каде ќе разговара за организирање на мировни преговори со талибанците. Советот беше формиран од Карзаи кон крајот на 2010 година за водење мировни преговори со талибанците.
Најавата на Карзаи претставува прв сериозен чекор во мировниот процес, што досега не покажа резултати наспроти повеќегодишните обиди.
Карзаи ваквата најава ја даде за време на обраќање во рамките на церемонијата за целосно предавање на одговорноста за безбедноста во земјата од меѓународните воени сили на авганистанските сили.