Авганистанските вооружени сили преземаат целосна одговорност за безбедноста во земјата

Од:

Авганистанските вооружени сили од меѓународните сили под команда на НАТО ја преземаат одговорноста за одржување на безбедноста во Авганистан, изјави денеска претседателот Хамид Карзаи.

Префрлањето на одговорноста за безбедноста е клучен настан во 12-годишната војна, по што силите под команда на НАТО ќе преземат функција на поддршка и ќе се повлечат од Авганистан до крајот на 2014 година.

– Ова е историски момент за нашата земја и од утре сите безбедносни операции ќе бидат во рацете на авганистанските сили за безбедност, изјави Карзаи за време на церемонијата во новата воена академија во околината на Кабул.

Според Карзаи, во текот на следните месеци меѓународните сили полека ќе се повлечат од авганистанските провинции и ќе бидат заменети од локалните сили за безбедност.

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека коалицијата ќе помага воено во случај на потреба, но повеќе нема да ги планира, спроведува и раководи операциите.

– Пред десет години немаше авганистански национални сили за безбедност. Пред пет години авганистанските сили претставуваа мал дел од тоа, што се денес. Сега имате 350.000 авганистански војници и полицајци. Страшна сила. И многу пати сме ги виделе како брзо и компетентно се справуваат со сложени напади. Како ги уништуваат непријателите на Авганистан и го бранат и штитат авганистанскиот народ, изјави Расмусен.

Авганистанските сили ќе преземат одговорност за безбедноста на сите 403 окрузи на 34-те авганистански провинции. Досега тие одговараа за 312 окрузи, каде живеат 80 проценти од 30-милионското население и извршуваа 90 проценти од воените операции.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Трамп го номинираше Метју Витакер за американски амбасадор во НАТО

Мицкоски: Немавме никаква дилема да ја поддржиме Шекеринска, и се јавив уште вчера

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Малодушноста на ВМРО-ДПМНЕ блеска посилно од кога било

Шекеринска е нов заменик генерален секретар на НАТО

Катерина Ѓуровски