Кампања за одговорно спортско обложување „Играј одговорно“

Од:

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) почнува кампања за одговорно спортско обложување под слоганот „Играј одговорно“.

Кампањата има за цел подигнување на свесноста за одговорно спортско обложување и едукација на играчите дека спортското обложување е начин за игра и забава, а не нешто од кое треба да се очекува заработка и егзистенција.

Претседателот на АСОМ Васко Илијевски информира дека програмите за едукација на вработените и играчите за неопходноста од почитување на законите и правилата, за важноста од одговорно спортско обложување и подигнување на свесноста за можните негативни влијанија се дел од нивната стратегија.

-Со оваа кампања сакаме да укажеме на нашите цели и заложби – безбедно спортско опкружување и играчи без проблеми со обложувањето, грижа за нашите играчи и грижа за општеството во целост. Продолжуваме да создаваме услови за работа и кариера, активно да работиме на интензивирање на соработката со сите засегнати страни, да даваме придонес во носење и унапредување на регулативата, законите и подзаконските акти и секако, остануваме посветени на стратегијата за општествено одговорно делување во заедницата во која работиме, изјави Илијевски.

Главните пораки и совети на кампањата „Играј одговорно“ кон играчите се да не се обложуваат со средства кои не можат да си ги дозволат, да не се обидуваат да ја надоместат загубата, да си постават граница за пари и време кое ќе го посветат на спортско обложување, без притоа да ги занемаруваат редовните работни и животни обврски.

Кампањата ќе се спроведува во спортските обложувалници, членки на АСОМ преку едукативни и промотивни материјали, како и на Facebook страницата на Асоцијацијата https://www.facebook.com/asom.org.mk.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е формирана 2013 година со мисија и цели за проактивно делување во насока на развој и унапредување на игрите на среќа.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

АСОМ: Очекуваме конструктивна соработка со новата Влада за Законот за игри на среќа

АСОМ: Остануваме конструктивен партнер за вистинска јавна дебата за игрите на среќа

АСОМ: Ќе дозволат ли народните избраници десетици илјади вработени да останат на улица

Катерина Ѓуровски

АСОМ: Примерот со Албанија ги потврди нашите апели – ограничувањето на легалните игри на среќа ја отвора вратата за игрите на црно

Катерина Ѓуровски

АСОМ: ЕУ го блокираше Законот за игри, Пендаровски ја препозна злоупотребата на ЕУ знаменцето

Горан Наумовски

Пендаровски се консултира со експерти за Законот за игри на среќа: Уште нема став дали ќе остане на изјавата дека нема да стави потпис

Александар Тодески