Моторот на „Рено“ ќе се вградува во новата „Ц“ класа на „Мерцедес“

Од:

„Рено“ наводно постигнал договор со „Мерцедес“ според кој оваа француска компанија ќе го снабдува германскиот производител со 1.6-литарски дЦи мотор од 130 кс.

Се чини, дека новиот „Мерцедес“ од „А“ класа и Цитан нема да бидат еддинствените модели на компанијата од Штутгарт кои ќе користат мотор од „Рено“.

Според информациите до кои дојде францускиот „Les Echos“, следната генерација „Мерцедес“ од „Ц“ класа и моделот „Вито“ во палетата ќе имаат мотори и од четирицилиндричниот турбо дизел агрегат на „Рено“ дЦи 130 Energy што се користи во моделите како што се „Меган“, „Сеник“ и „Нисан Кашкаи“.

Истиот извор наведува дека оваа погонска единица ќе го придвижува базниот дизел модел „Мерцедес Ц 200 ЦДИ“.

Моторот ќе претрпи низа модификации за да се прилагоди на продолжената ориентација под хаубата на новата „Ц“ класа.

Постојната верзија што „Рено“ ја користи во своите модели ги задоволува Еуро 5 стандардите и треба да биде унапредена така што ќе биде компатибилна со Еуро 6 нормите.

Станува збор за единица што развива 96 кЊ/130кс при 4.000 о/мин, а максимален обртен момент од 320 Нм достигнува на 1.750 о/мин.

Како што наведува „Les Echos“, наскоро ќе биде ибјавено официјалното соопштение за оваа соработка.

„Мерцедес“ веќе го користи 1.5-литарскиот дизел мотор на „Рено“ во новата „А“ класа и Цитан, возилата што исто таба беа развиени во соработка со францускиот производител на основите модели на „Канго“.

Новиот „Мерцедес“ од „Ц“ класа на пазарот се очекува во 2014 година, а следната генерација модели „Вито“,во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска