САД објавија список на затвореници од Гвантанамо што не се осудени, но нема да бидат ослободени

Од:

Американските власти објавија список на неколку десетици затвореници од базата во Гвантанамо на Куба, кои се „премногу опасни за да бидат ослободени, но не можат ниту да бидат осудени“.

Лицата на списокот се уапсени без обвиненија согласно законот за зголемена употреба на воена сила, усвоен од Конгресот и потпишан во 2001 година од тогашниот претседател Џорџ Буш, изјави портпаролот на Пентагон, Тод Бресил.

Имињата на сите затвореници во Гвантанамо се одамна објавени, но досега претседателот Барак Обама одбиваше да соопшти за кои од нив е донесена одлука да останат во затвор на неопределено време.

Одлуката е донесена од меѓуминистерска комисија во 2010 година. Иако некои од имињата беа објавени од адвокатите на затворениците, американските власти листата ја објавија официјално, откако весникот „Мајами хералд“ поднесе барање до судот за пристап од документот според Законот за слобода на информациите.

Поголем дел од 48-те затвореници на списокот се од Јемен и Авганистан. Двајца од нив се веќе починати, еден по самоубиство, а друг од инфаркт.

Моментно во Гвантанамо се наоѓаат 166 затвореници. Околу 90 од нив треба да бидат ослободени или префрлени во затвори во други земји.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Куба: Пожар го зафати градот Вињалес

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Кубанци шверцувани низ Македонија и Србија до ЕУ – разбиена мрежа за криумчарење мигранти

А1он

Волстрит журнал: Кина гради шпионски објект во Куба за да ги прислушува САД