Баздникин: Се работи на испораката на останатите количини на Спутник В

Од:

Амбасадорот на Русија, Сергеј Баздникин не го знае датум кога ќе пристигнат останатите вакцини Спутник В, но е убеден дека вакцинацијата на македонските граѓани ќе оди непречено и Договорот потпишан од страна на Рудскиот фонд за директни инвестиции и Министерството за здравство ќе биде испочитуван.

Баздникин при денешната посета на Штип посочи дека договорот е потпишан во март и дека во земјава веќе се испорачани 6000 дози.

-Договорот предвидува снабдување со 200000 дози на вакцината против корона вирусот Спутник В. Оваа количина која е потребна за вакцинирање на 100000 граѓани. До денес испорачани се 6000 дози, 3000 од секоја компонета. Во моментов се работи за испораката на останатите количини на препаратот. Сакам да ви кажам дека руската страна доследно ќе ги исполнува своите обврски од договорот и да обезбеди испорака на вакцините, во вашата земја, вели Баздникин.

Рускиот амбасадот истакна дека вакцината Спутник В е апсолутно безбедна, нејзината ефикасност е повеќе од 90 отсто, а за спречување на компликации од корона-вирусот е 100 отсто.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски