Експлозија во близина на Парламентот во Кабул, тројца загинати

Од:

Најмалкутри лица загинаа, а неколкумина други се ранети денеска при самоубиствен бомбашки напад во близина на зградата на авганистанскиот Парламент во западниот дел на Кабул.

Според локалната полиција, цел на нападот биле колоната возила на влијателниот пратеник и лидер на Народната партија за исламска унија, Мохамад Мохакик.

Мохакик не е повреден при нападот, но според полицијата, меѓу ранетите има и негови телохранители.

Нападот се случува на денот кога Меѓународните сили под команда на НАТО – ИСАФ треба официјално на авганистанската војска и полиција да им ја предадат надлежноста за безбедноста на земјата.

Церемонијата на примопредавање на надлежностите треба да се одржи во Кабул во присуство на стотици авганистански и меѓународни официјални претставници, меѓукои и претседателот на Авганистан, Хамид Карзаи и генеракниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан