Макрон најавува укинување на ЕНА – Националната школа за администрација

Од:

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се очекува во текот на денот да ја искористи „конференцијата на државните менаџери“ за да ја спомене реформата во обуката и вработувањето на високите државни функционери, во тој контекст тој треба да најави укинување на ЕНА (Националната Школа за администрација) од која произлегуваат скоро сите највисоки француски политичари и функцинери.

Според „Европа 1“ и „РТЛ“, Емануел Макрон се подготвува овој четврток да го објави укинувањето на ЕНА, националната школа за администрација, која денес ја создава елитата на француската државна служба. Таа треба да се замени со ново училиште. Плејбук, политичкиот билтен на Политико, споменува дека тоа ќе биде можно со „реформа на уредбата од 1945 година, со која се регулира обуката и регрутирањето на високите државни службеници“.

Ова беше ветено од Макрон на крајот од кризата со „жолтите елеци“ во 2019 година, за време на состанокот со највисоките француски функционери, „конференцијата на државните менаџери“.

-Мислам дека мора да ја укиниме, меѓу другото, ЕНА, „за да изградиме нешто што работи подобро, рече тогаш претседателот на Франција.

Многумина сметаа дека Емануел Макрон се откажа од оваа мерка. Минатиот февруари, шефот на државата дури објави дека сака развој на сектор „таленти“ од почетокот на учебната година во септември 2021 година. Целта беше да се направи школата подостапна за учениците од скромно потекло.

Самиот Емануел Макрон има дипломирано на оваа школа во 2004 година.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата