САД: Малите бизниси се здружуваат во „антимонополска коалиција“ против Амазон

Од:

Мали бизниси од САД формираа коалиција за започнување кампања за построги антимонополски закони, а насочена пред сѐ кон гигантот во електронската трговија Амазон, со намера да го натераат да оддели некои од своите бизнис сегменти.

Се работи за коалиција создадена денеска од компании кои работат во секторот за малопродажба на хардвер, канцеларски стоки, книжарници, минимаркети и други, на која и се приклучија бизнис здруженија од 12 градови.

Малите бизниси ќе лобираат преку своите претставници во Конгресот да се донесат потребните закони за намалуање на монополската позиција на Амазаон на Интернет, каде на сопствена платформа тој конкурира со други помали продавачи, кои обично се губитицо во таа борба на намалени цени.

Коалицијата бара закони со што ќе може да се одвои малопродажбата на Амазон од неговата онлајн продажна платформа.

Во Конгресот на САД веќе се работи на текст за антимонополски законски проект со слични рестрикции против доминантните компании како Фејсбук, Гугл или Амазон, кои станаа монополи на Интернет мрежата во повеќе сегменти како маркетинг, медиуми, малопродажба или социјални мрежи.Такви закони бара коалицијата на мали бизниси, но засега законодвците сеуште немаат изготвен нацрт закон за да биде наскоро ставен на разгледување.

Амазон од своја страна вели дека „напротив, страничните продавачи се надополнуваат со нас, и можноста на продавачите да конкурираат директно со Амазон е она од што најголем бенефит имаат купувачите, додека моделот за маркетинг на нашата трговска платформа служи за успех на самите продавачи“. Истакнувајќе дека тоа е она што се нарекува „слободен пазар“.

Волстрит журнал наведува коментари од сопственици на неколку мали бизниси кои биле принудени да отпуштат работници или да ги остранат своите производи од платформата на Амазон поради „преголемиот увид што компанијата го има во нашиот бизнис“.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски