Полицијата ќе вози „Шевролет Спарк”

Од:

На денешната аукција во МВР за најдобар понудувач за набавка на 100 нови возила беше „Авто Македонија” со автомобилот „Шевролет Спарк”.

На денешната електронска аукција, беше избран како најповолен понудувач, а првичната понуда ја симна за еден милион со што се постигна цена од 45.350.800 денари. МВР првата рата за возилата треба да ја плати во рок од 30 дена, откако ќе се испорачат возилата.

Рокот за испорачка на воизлата треба да биде најдоцна за три месеци. Возилата кога ќе се предадат на МВР треба да бидат брендирани, со хорни и флешери и да имаат соодветна полициска опрема и во внатрешниот дел. На аукцијата на МВР покрај Аутомакеоднија учествуваат и „Автонова“ со возило „цитроен Ц1Х“, „Еуроимпекс“ со „пежо 107“ и „Порше Македонија“ со „шкода сити гоу“.

Би можело да ве интересира

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски

Една година затвор за напад и прегазување на полицаец во Кавадарци

Тошковски: Интервентната полиција често пати беше прва на терен и вистински херој во заштитата на граѓаните

Полицијата бара исчезнато девојче на 13 години