Најголемиот француски стадион, „Стад де Франс“, сега е голем центар за вакцинација

Од:

Францускиот национален стадион е претворен во голем центар за вакцинирање против КОВИД-19, јавија медиумите.

Планирано е да се аплицираат 10.000 дози секоја недела на „Стад де Франс“, во северното предградие на Pариз, Сен Дени. Стадионот беше домаќин на финалето на Светскиот куп на ФИФА во 1998 година, каде Французите изјвојуваа историска прва домашна титула.

Друга „икона“ на францускиот фудбал – Стад Велодром во Марсеј (стадион на локалниот Олимпик) – веќе е „домаќин“ на сличен центар за вакцинација.

Целта е да се забрза кампањата за имунизација на земјата за да се спречи ширењето на новиот коронавирус.

Центарот во Сен Дени е снабден со дози на вакцини од американските компании Модерна и Фајзер. Тој ќе работи од 9 до 20 часот шест дена во неделата, со половина од инекциите резервирани за жителите на северното предградие на Париз.

Сиромашниот оддел, со околу 1,6 милиони жители, имаше најголема стапка на смртност за време на првиот бран на коронавирус во Франција, и сега има најмногу заразени по глава на жител.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата