Димитров: Над 6000 текстилни работници во земјава на колективен одмор

Од:

Над 6000 текстилни работници во земјава заминаа на колективен одмор. Претседателот на Организација на работодавачи, Ангел Димитров вели дека од вчера на одмор се работниците, а половина од нив се од Штип.

Работодавачите оваа одлука ја донеле поради недонесувањето на петтиот пакет мерки од страна на македонските пратеници и неизвесноста од локдаунот во Германија и останатите членки на ЕУ.

-Работниците се пуштени на одмор, користат две недели од годишниот одмор за 2021 година. Од утринава имав повици од неколку компании од источниот регион. Се надевам дека пратениците конечно ќе помислат на народот, а не на партиите. Во моментов немаме волшебно стапче, ова е преоден период, доколку не се донесе петтиот пакет мерки, од компаниите први ќе си заминуваат работниците со договори на определно, а потоа ќе следи и прогласување технолошки вишок, вели Димитров.

Државната помош ќе ги спаси работните места, а се очекува кон половината на годината да се имаат нарачки и ќе се знае реално состојбата во текстилниот сектор. Во моментов конфекциите немаат нарачки за шиење модна облека.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски