Реномирани европски тинк-тенк организации, германски и домашни медиуми откриваат нов меѓународен скандал, поврзан и со Александар Николоски, пратеник и висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ.Според објавените наводи, постои огромен коруптивен скандал со дел од пратениците на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) и нивното политичко делување во Азербејџан – рече на прес конференција пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.
„За да се квалификуваат изборите во Азербејџан како фер и демократски, дел од пратениците добивале пари, накит, скапи теписи, ноќевања во луксузни хотели во Баку и Инстанбул и што ли уште не. Ова особено за пратениците кои биле дел од набљудувачката мисија на изборите во Азербејџан во 2013 и 2015 година, како и на референдумот од 2016 година. Дел од таа мисија, а во еден наврат и шеф на мисијата бил и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски. Ова е тежок меѓународен скандал каде директно е вмешан Александар Николоски“ – вели Костадинов.