Драстична промена на времето во Хрватска донесе снег во внатрешноста на земјата и на планините. Температурите во делови од земјата паднаа под нулата. Од рано утрово снег вее и во Загреб.
U Hrvatsku stigla hladna fronta, kolnici su mokri ili vlažni i skliski. HAK je izdao upozorenje vozačima – ne krećite na put bez zimske opreme! https://t.co/B6NbafJgfy #snijeg #zimskaoprema #uvjetinacestama pic.twitter.com/qqd1NHiyfa
— HRT vijesti (@hrtvijesti) April 6, 2021
Во Хрватска денеска ќе биде претежно облачно и забележително постудено со лапавица и снег што ќе создаде снежна покривка во внатрешноста, пред сè на планините, соопшти Државниот хидрометеоролошки институт (ДХМЗ). На Јадранот ќе врне дожд, претежно во северниот дел, а ќе вее и снег. Во Далмација се можни локално поизразени врнежи од дожд и грмежи.