Продолжува серијата грабежи на познати француски личности, последен на листата Бернар Тапи

Од:

Претседателот на Франција Емануел Макрон лично му телефонира на познатиот француски претприемач и некогашен министер и претседател на фудбалскиот клуб ОМ Марсеј и поранешен сопственик на „Адидас“, чија кариера беше проследена со скандали, Бернар Тапи, откако тој и неговата сопруга, биле ограбени и малтретирани во нивниот дом близу Париз ноќта кон неделата.

Тапи и сопругата спиеле во нивниот дом во Комб-ла-Вил близу Париз кога половина час по полноќ ги изненадиле во сонот четворица мажи со качулки на главите и облечени во црни комбинезони, кои ги врзале со електрични кабли, ги удирале, по што ги ограбиле и побегнале.

Седумдесет и седумгодишниот Бернар Тапи со палка бил удрен по главата, но не бил хоспитализиран и одбил медицинска помош, изјавила за агенцијата AFP обвинителката од округот Мелун, Батрис Ањелели, која додала дека од куќата биле украдени накити и скапоцени часовници.

Доминик Тапи успеала да се ослободи и од домот на соседите да повика полиција. Таа имала полесни повреди од неколку удари в лице и била пренесена на прегледи во болница. Се очекува дека наскоро да биде пуштена дома.

Според извори од истрагата, крадците однеле два скапи часовници од кои едниот „Ролекс“, обетки, нараквици и прстен.

Пред три седмици во истиот париски регион во текот на фудбалски натпревар, домовите на двете ѕвезди на ПСЖ, Аргентинецот Анхел Ди Марија и Бразилецот Маркињос, исто така, беа цел на грабежи, од кои едниот насилен.

Бернар Тапи во 1980-те години се специјализираше за преземање на фирми во пропаѓање, а во 1986 година го купи и фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј со кој ја освои титулата во Франција и дојде до финалето во најелитното континентално натпреварување. Тапи, кој кратко беше министер во 1992 година во владата на социјалистичкиот претседател Франсоа Митеран, го изгради своето спортско и медиумско деловно царство, но имаше повеќе проблеми со правосудството. Неговото име се споменува во повеќе финансиски скандали.

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата