4.133 нови случаи на Ковид-19 во Србија, починале 38 луѓе

Од:

Коронавирусот во Србија е потврден кај 4.133 лица за 24 часа, а 38 пациенти починале во последното деноноќие.

Хоспитализирани се 7.749 пациенти, од кои 297 се на респиратор. Тестирани се 13.909 лица, а 29,71 проценти биле позитивни.

Скоро една четвртина од сите заразени лица се од Белград, што сè уште се смета за главно жариште на коронавирусот во Србија.

Во последните 24 часа 1.072 луѓе биле тестирани позитивно во главниот град. Според бројот на заразени, по Белград следен е Нови Сад со 264 новоинфицирани и Ниш со 201 нов случај на инфекција.

Во земјата досега прва доза на вакцина против коронавирус примиле 2.521.863, а втора 1.063.559 лица.

Досега се тестирани вкупно 3.471.955 лица во Србија, од кои 614.365 биле позитивни на Ковид-19.

Од коронавирус досега во земјата животот го изгубија 5.422 луѓе.

Би можело да ве интересира

Почина српскиот бизнисмен Миодраг Костиќ

Српската опозиција в понеделник ќе протестира пред зградата на Владата

А1он

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Вучиќ: Државата ги презеде сите мерки за да ги казни одговорните

(ВИДЕО) Пожар во Градска куќа во Нови Сад

Горан Наумовски

Демонстрантите влегоа во клинч, додека други ги искршија стаклата на Градското собрание во Нови Сад