Австралија продолжува да вакцинира со Астра Зенека

Од:

Претставници на австралиското Министерство за здравство потврдија дека земјата ќе ја продолжи програмата за имунизација против Ковид-19 со вакцината на Астра Зенека, откако еден случај на згрутчување на крвта предизвика сомнежи во нејзината безбедност.

Еден човек на 44-годишна возраст беше примен во болница во Мелбурн со тромб неколку дена откако ја примил вакцината на Астра Зенека, а австралиските регулаторни тела за здравство на состаноците вчера и денес дискутираат за понатамошните препораки за оваа вакцина.

– Регулаторните тела во моментов не советуваа да престанеме со употребата на вакцината Астра Зенека во Австралија, рече австралискиот заменик министер за здравство Мајкл Кид.

Кид исто така истакна дека случајот на згрутчување на крвта е веројатно поврзан со вакцината, но оти ризиците од сериозни несакани ефекти сè уште се многу мали.

Тој рече дека поради безбедносни причини, здравствените регулаторни тела ќе продолжат да ја следат ситуацијата и оти нивните нови препораки се очекуваат следната недела.

Можни компликации со употребата на вакцината на Астра Зенека може дополнително да ја забават веќе одложената акција за имунизација во Австралија, која најмногу се потпира на оваа вакцина.

Би можело да ве интересира

Австралија бара отштета од Русија за соборувањето на авионот во кој загинаа 298 лица

Најмалку тројца мажи повредени во напад со нож во Австралија

Горан Наумовски

Чалмерс: Новата австралиска влада ќе се соочи со сенката на трговската војна меѓу САД и Кина

Австралиските лабуристи по победата: Нашиот фокус ќе биде трговската војна меѓу САД и Кина

Стотици илјади луѓе во Австралија се без струја поради тропската бура „Алфред“

Повеќе од 35 лица се повредени во судир на две воени возила во Австралија

Горан Наумовски