Кина подолго време ја вознемирува дописничката на Би-Би-Си, критикува Брисел

Од:

Европската унија денеска ја критикуваше Кина за „долгото малтретирање“ на новинарот на Би-Би-Си, кој заради „заканите“ од кинеските власти ја напушти земјата.

По „заканите“ поврзани со неговото известување за третманот на ујгурските муслимани во Синџијанг, што Пекинг го опиша како „пристрасно“ дописникот на Би-Би-Си, Џон Судворт, се пресели во Тајван, заедно со својата сопруга, Ивон Мареј, дописничка од Кина на ирската јавна телевизија РТЕ.

Судбината на новинарот на Би-Би-Си „е последен случај на протерување новинари од Кина за малтретирање и постојано попречување на нивната работа, откако минатата година од оваа земја беа протерарни најмалку 18 странски дописници, изјави портпаролката на шефот на европската дипломатија, Џoзеп Борел.

-Тој замина откако властите го малтретираа долго време, вклучувајќи надзор, закани со правосуден прогон, попречување, заплашување и објавување видеа на интернет страниците на официјалните кинески медиуми во кои тој бил лично прозиван и се користеле извадоци од полициски видеа, објасни таа.

„Европската унија повеќепати изрази загриженост до кинеските власти во врска со прекумерното ограничување на работата на странските новинари и нивното малтретирање“, додаде таа во изјавата.

Од овие причини Брисел „ја повика Кина да ги почитува своите обврски согласно националното и меѓународното право и да ја гарантира слободата на изразување и на медиумите, како што е запишано во Уставот на Народна Република Кина и во универзалната декларација за човекови права“.

Односите меѓу ЕУ и Кина се влошија во март по одлуката на Унијата да воведе санкции против четворица кинески официјални лица за кршење на човековите права на Ујгурите во Синџијанг.

Пекинг одговори со тоа што им одзеде пристап на својата територија на десетмина Европејци, вклучувајќи и неколку европски законодавци, обвинети за „ширење лаги“ за репресијата врз Ујгурите.

Би можело да ве интересира

Торнадо во Кина, најмалку пет лица загинаа, а 33 се повредени

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Почина американскиот новинар кој седум години беше заложник во либанската граѓанска војна

Кина жестоко го критикуваше Израел, но не ги спомна иранските напади

Горан Наумовски