ВМРО-ДПМНЕ: Стејт Департментот потврди влијание врз судството и притисок врз новинарите од власта на Заев

Од:

Пoстојат примери на погрешно судско однесување, прекумерниот притисок врз судиите, одложуваната правда и несоодветното финансирање на правосудството кои и натаму ги попречуваат работата и ефикасноста на судовите и влијаат врз јавната доверба во правосудството. Судството останува подложно на политичко влијание и со слаба доверба од јавноста, констатира Стејт департментот во најновиот извештај за Македонија. Заев и Маричиќ добија црвен картон. Нема повеќе продолженија, нема повеќе развлекување. Власта мора да ги тргне рацете од правосудството, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев го користи ваквото правосудство и за притисок врз новинари и неистомилсеници, што е констатирано во извештајот, во делот на притисоците кон медиумите и прогонот на новинари. Во Македонија под Заев слободната мисла е само мисловен поим, но никако и реалност. Заев ја зароби државата, а потврда за тоа е извештајот на Стејт департментот.

Сите лаги дека блескаме, паднаа во вода. После извештаите на Транспаренси, пишувањата на Економист и Блумберг, ова е уште еден во низата меѓународни фактори кои јасно потенцираат на криминогеноста на власта. Криминалот, корупцијата и притисокот врз судството ќе го снема кога ќе падне и Зоран Заев, се до тогаш Македонија ќе биде заробена држава“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ не ја потпишува Резолуцијата затоа што има скриена агенда за мигранти

Горан Наумовски