Чешкиот премиер поднесува оставка

Од:

Чешкиот премиер Петр Нечас најави дека ќе поднесе оставка, откако изби скандалот со корупција и шпионирање во кој беше вмешана и неговата најблиска соработничка.

-Од утре ја напуштам должноста премиер. Свесен сум за својата политичка одговорност, рече Нечас на прес конференцијата по состанокот на неговата Граѓанска демократска партија.

Според чешкиот Устав, целата влада по неговото заминување ќе мора да поднесе оставка.

Нечас кажа дека неговата партија ќе се обиде со друг премиер да формира нова влада, која би функционирала до изборите следната година.

Меѓутоа сеуште е нејасно дали претседателот Милош Земан и коалиционите партнери во владата ќе го подржат таквиот план на премиерот.

Чешкиот суд вчера донесе одлука блиската соработничка на премиерот да остане во притвор се додека не почне истрагата против неа за обвиненијата за корупција и злоупотреба на службената положба.

Би можело да ве интересира

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица

(ВИДЕО) Судар на возови во Чешка: четворица мртви, десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Чешкиот претседател имаше сообраќајка, пренесен е во болница