Димитров – Пахор: Евентуалниот неуспех на ЕУ за консензус за старт на преговорите со Македонија ќе има регионални импликации

Од:

Евентуалниот неуспех на ЕУ во постигнувањето консензус за почнување на преговорите со Северна Македонија ќе има регионални импликации и затоа е неопходен одлучен и навремен исчекор на евроинтегративниот пат со што ќе се даде нова искра на политиката на проширувањето, се согласија на денешната средба вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и претседателот на Република Словенија Борут Пахор.

Со оваа средба Димитров ја заокружи официјалната посета на Љубљана.

Како што соопшти СЕП, Пахор го информирал Димитров дека своите заложби и поддршката на европската перспектива на Северна Македонија ќе ги реафирмира на претстојниот Брдо Бриони Самит.

Би можело да ве интересира

Ќе се лансираат американски ракети од европски лансери

Мацинка: Чешка силно го поддржува што поскорото членство на Македонија во ЕУ

Латвија бара седум милијарди евра од ЕУ поради прекинот на трговијата со Русија

А1он

Брисел подготвува нови правила за проширување на ЕУ

ДУИ: ВЛЕН врши политички притисок врз обвинителството

ЕУ ја финансира Украина со замрзнати руски средства