Италијанските фудбалски екипи од Серија А потрошиле повеќе од 138 милиони евра на менаџерски провизии во 2020 година, пренесуваат тамошните медиуми.
Фудбалскиот сојуз на Италија објави денеска точниот износ на потрошени пари за провизии на менаџерите изнесува 138.015.594.09 евра и тоа е помалку споредено со претходните години.
Италијанските прволигаши за менаџерски провизии во 2019 година издвоиле 187.7 милиони, а една година претходно 171.5 милиони евра.
Највисоки провизии лани исплатил актуелниот италијански првак Јувентус, 20.8 милиони евра, а следат Рома (19.2), Милан (14.3), Наполи (12) и Интер со девет милиони евра.