Од вчера според министерот за здравство венко филипче, на болничко лекување по компликации кои се појавиле откако била вакцинирана со вакцината на „АстраЗенека“ е 28-годишна девојка. Филипче извести дека таа е на лекување во Клиничкиот центар во Скопје.
„Тромботичен ефект кај 28-годишната девојка се појави 6 – 7 дена по вакцинирањето. Таа се вакцинирала во Србија. Таа се чувствува добро, но се следи нејзината состојба“, рече министерот Филипче.
Тој доцна синоќа го стопираше вакцинирањето на македонските граѓани со вакцината на „АстраЗенека“ откако истото го направија Германија и Канада, поради згрутчувањето на крвта што го предизвикува.
Кај лицата над 60 години вакцината на „АстраЗенека“ не се регистрирани негативни ефекти, па Филипче смета дека е безбедна за употреба.
Утрово, кај нас, почна вакцинацијата на лицата над 77 години, токму со вакцината на „АстраЗенека“.