Во Албанија над 100 илјади вакцинирани против Ковид-19

Од:

Заклучно со вчерашниот ден во Албанија вакцинирани се над 100.000 лица, објави на Твитер министерката за здравство, Огерта Манастирлиу, додавајќи дека „светлината на крајот од тунелот се приближува секој ден и се побрзо“.

-100 илјади вакцинирани до вчера. 100 илјади повеќе заштитени животи. Секој ден и се побрзо светлината се приближува кон крајот на тунелот“, пишува Манастирлиу.

Премиерот Еди Рама при посетата на градот Лач, каде од блиску го следеше процесот на вакцинација, најави дека целта е да прават по 30 илјади вакцини дневно и до крајот на мај со имунизацијата да бидат опфатени пола милион албански граѓани.

Денеска е четвртиот ден од масовната вакцинација низ целата земја за лица на возраст над 70- годишна возраст, а тековно во сите здравствени центри во земјата се вакцинираат просветни работници и вработени во градинките.

Министерката најави дека во текот април ќе пристигнат уште 20 илјади дози вакцина од компанијата „Фајзер“.

-Врз основа на договорот со Фајзер во текот на април очекување 20 илјади вакцини. Во првата недела треба да приситнат 7 илјади и до 19 април 20 илјади дози. Очекуваме да присигнат и нови количини од договорот со Синовак, рече таа.

Во изминатите три дена, од кога почна масовната вакцинација, во просек се имунизираат по над 10 илјади лица. Бидејќи од денеска во овој процес е вклучен и воено-медицнскиот персонал бројот на вакцинирани на дневно ниво ќе биде повисок.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски