АстраЗенека го смени името на вакцината, ќе се вика „Ваксзеврија“

Од:

Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека“ ја преименува својата вакцина против коронавирус и таа сега е наречена „Ваксзеврија“.

Во соопштението, компанијата посочува дека промената на името не значи промена во составот на вакцината, но дека е добро медицинските работници да се запознаат со новото име поради различното пакување и етикета.

Европската агенција за лекови (ЕМА) минатата недела го одобри новото име на вакцината, кое веќе се најде на официјалната веб-страница на Агенцијата.

ЕМА дојде до „јасен научен заклучок“ дека вакцината „АстраЗенека“ е „безбедна вакцина, чија ефикасност во спречување на Ковид-19 е далеку поголема од потенцијалните ризици“.

Агенцијата објаснува дека нивниот научен заклучок е дека појавата на згрутчување на крвта по вакцинацијата е „пониска од очекуваната“ кај општата популација и дека „нема зголемен ризик од згрутчување на крвта по приемот на вакцината АстраЗенека“.

Би можело да ве интересира

Шокантна изјава од АстраЗенека: Не беше работа на компанијата да се занимава со ковид вакцина

Предраг Петровиќ

ФДА ги одобри обновените Ковид-19 вакцини против сојот Омикрон БА.4 и БА.5

ЕК се подготвува за следната фаза на Ковид-19, треба да се зголеми вакцинацијата

А1он

ФДА: Сегашните вакцини не штитат најдобро од омикрон

А1он

Комисијата за имунизација во Грција препорачува четврта доза од вакцината за лицата над 60 години

А1он

Бурла: Интензивно работиме на годишна вакцина

А1он