Албанија и Италија со меѓусебно признавање на возачките дозволи

Од:

Албанската влада во службен весник го објави договорот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Италија.

Со оваа одлука, сите албански државјани кои се стекнале со возачка дозвола издадена во Албанија и кои имаат дозвола за престој таму, ќе ја конвертираат дозволата без полагање теоретски и практичен дел.

Истото важи и за италијанските државјани кои имаат свои бизниси или по која било друга причина регуларно престојуваат во Албанија.

-Договорот ќе трае 5 години. Една година пред истекот на овој договор, страните ќе започнат консултации за да продолжат со обновување на овој договор, за да не дојде до прекин, дури и привремен, на важноста на ковертраните возачките дозволи, стои меѓу другото во одлуката.

Договорот пред неколку дена во Тирана го потпиша албанската министерка за надворешни работи Олта Џачка и италијанскиот амбасадорот, Фабрицио Буци.

Би можело да ве интересира

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Силен земјотрес го погоди југот на Италија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар