Трагедија во Албанија

Од:

12 студенти загинаа, а 22 тешко се повредени во несреќата која се случи попладнево во Јужна Албанија. Автобусот со кој 40 студенти патуваа на екскурзија од непознати причини падна во провалија.

Несреќата се случила на 220 километри јужно од Тирана. Студентите се од Универзитеот во Елбасан а патувале во Саранда.

Албанските власти посочија дека сеуште се испитува причината поради која автобусот излетал од патот и паднал во провалијата длабока 100 метри. Повредените се носат со хеликоптери во воената болница во Тирана.

Властите очекуваат бројот на настрадани да се зголеми зашто спасителите сеуште ги немаат извлечено сите тела од провалијата која е недостапна и со стрмен терен.

 

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Автомобил излетал од тркачка патека и влетал во публика: Има мртви, меѓу нив и дете

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Несреќа во Турција: Туристи паднаа од кабина на жичарница, има и мртви

А1он

Загина чешки турист додека фотографирал огромни бранови на Канарските острови