Велика Британија ќе се фокусира на вакцинирање на сите возрасни граѓани пред да го даде вишокот вакцини на други земји, како што е соседна Ирска, изјави денеска британскиот министер за економија Кваси Квартенг.
Повеќе од 30 милиони Британци примиле барем една доза вакцина против коронавирусот, а целта на Владата е да понуди можност на секој возрасен граѓанин да се вакцинира до јули.
Сепак, Велика Британија се најде во јавна дебата со Европската унија, каде вакцинацијата е многу побавна поради недостиг на вакцини.
– Сметам дека нашиот фокус мора да биде да ја одржиме Британија безбедна. Ние сакаме да соработуваме со други земји, но нашиот приоритет е масовна вакцинација, изјави Квартенг за Скај Њус.
Тој рече дека Велика Британија соработува со Европската унија со цел да им помогне на жителите на ЕУ да се вакцинираат, но дека тоа не е „прашање на конкуренција“.