Во Германија лани дошле да живеат најмалку странци во последните 10 години

Од:

Во Германија лани е регистрана најмала стапка на новодојдени, па затоа бројот на странци кои живеат во земјата минатата година се зголемил за само 1,8 проценти, што е најниска стапка регистрирана во последните 10 години, соопшти денеска Федералното биро за статистика.

Германското Федерално биро додава дека населението родено во странство лани се зголемило за околу 204.000 на вкупно 11,4 милиони, и тоа во годината кога Германија и другите земји од Европа и светот се погодени од пандемијата на коронавирусот, што, меѓудругото, доведе од ограничувања за патувања, пренесоа американските мдиуми.

Во споредба со претходната, 2019 година, лани нето имиграцијата во Германија е намалена за 31 процент.

Германија има вкупно население од 83 милиони жители.

Федералното биро уште додаде дека бројот на странци кои лани имигрирале во Германија од земји надвор од Европската унија е намален за повеќе од половина.

Би можело да ве интересира

Германските власти нудат парична награда за информации за трикратниот убиец од Кобленц

Авион падна во фабрички комплекс, има загинати

Мерц: Украина не треба да влезе во НАТО или во ЕУ додека е во војна со Русија

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Оружјето што Германија го испраќа во Украина често се расипува

ЦСУ го одобри коалицискиот договор со ЦДУ и СПД