Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа се регистрирани 93 починати пациенти како резултат на компликации од Ковид-19, што е највисок број од почетокот на годинава.
64 од починатите се од Федерацијата БиХ, 22 од Република Српска, а во дистриктот Брчко се забележани седум смртни случаи.
Во изминатите 24 часа се регистрирани и 856 нови случаи на болеста. 653 од новозаразените се од Федерацијата БиХ, додека 192 се од Република Српска, соопштија здравствените власти.