Искуството со лекот ивермектин во секоја земја е различно, рече на денешната прес-конференција проф. д-р Дејан Докиќ.
Тој вели дека во изјавата на EMA – European Medicines Agency се вели дека тие се уште не го регистрирале овој лек, бидејќи немаат доволно докази дали делува.
– Имаат студии каде што тој имал позитивен ефект, но имаат студии и каде што немало адекватен ефект. Секаде имало некаков ефект. Во истатата таа изјава на ЕМА, Чешка како западно-европска земја членка на ЕУ и Словачка го регистрирале ивермектинот како лек против Ковид-19. Искуството на секоја земја е различно, рече Докиќ.
Европската агенција за лекови минатата недела соопшти дека нејзините истражувања покажале оти лекот не покажал ефективност во третманот на ковид-пациентите, односно дека за тој да дејствува, треба да се примат големи количества ивермектин, кои би биле токсични за луѓето.