Лекот против вошки ивермектин не е за третман на Ковид-19, порачува европскиот регулатор

Од:

Лекот ивермектин не треба да се користи за лекување на Ковид-19 надвор од клиничките испитувања, порача Европската агенција за лекови (ЕМА).

Како што пишува весникот Гардијан, повеќе месеци наназад ивермектинот се посочува како чудотворен лек против коронавирусот.

ЕМА објасни дека ги разгледале најновите докази за употребата на ивермектинот како превенција и третман на Ковид-19 и заклучиле дека дополнителните податоци не ја поддржуваат неговата употреба против коронавирусот надвор од клиничките испитувања.

Агенцијата со седиште во Амстердам соопшти дека не добила документи со кои се одобрува употреба на лекот, кој долго време се користи за лекување на некои паразити, вклучително и вошки.

Според ЕМА, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди неговата ефикасност против коронавирусот. Лабораториските тестови откриле дека лекот може да ја блокира репликацијата на вирусот кој предизвикува Ковид-19, но со многу повисока концентрација на ивермектин. Токсичните последици од тие повисоки дози не можат да се исклучат, додава Агенцијата.

Лекот, наспроти критиките и резервите кај стручната јавност во земјава, го промовираше и македонскиот министер за здравство Венко Филипче, а тој веќе неколку месеци е достапен во аптеките, кои го издаваат на рецепт од матичен лекар.

Би можело да ве интересира

На Словенците ќе им бидат неопходни ковид потврди и за работа од дома

Ана Ололовска

Фаучи: САД се уште немаат одлука за влез на патници вакцинирани со АстраЗенека

Ана Ололовска

Во болниците во северна Грција сите починати од Ковид-19 во изминатата седмица биле невакцинирани

Ана Ололовска

„Џонс Хопкинс“: Од коронавирус починаа повеќе Американци отколку од шпанскиот грип

Ана Ололовска

Ватикан од 1 октомври ќе бара „зелен сертификат“

Ана Ололовска

Вакцинација со трета доза за здравствените работници, згрижените во домови за стари лица и граѓаните над 60 години во Грција

А1он