Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека е во секојдневен контакт со Северна Македонија и Црна Гора и дека Србија наоѓа начини како дополнително да им помогне во вакцинирањето на населението.
Вучиќ кажа дека не разбира кога некој го критикува фактот дека во Србија дошле стопанственици од регионот и што странските државјани доаѓаат поради вакцинирање, како и дека не му е важно и нема проблем со „недостаток на благодарност од „колегите“.
-За мене е важно луѓето да бидат задоволни, да бидат делумно заштитени сега кога ја примија првата доза, а кога ќе ја добијат втората, тие ќе бидат уште подобри и дека ќе се заштититени од тешки последици и смрт или барем во 99 отсто од случаите. Тоа е она што можеме да сториме за луѓето, изјави Вучиќ, одговарајќи колку е горд на пишувањето на медиумите во регионот што вакцинирањето на луѓе од земјите од Западен Балкан е организирано во Србија.
На Вучиќ не му е јасно, како што истакна, како некој не разбира дека српските граѓани не можат да бидат спасени, ако и луѓето во регионот не се.
-Не знам како некој тоа не го разбира, не сме ние пуст остров, живееме заедно со другите, кажа српскиот претседател.
-Секогаш има недговрни луѓе и такви кои ќе ви кажат дека ова не е кран или багер, туку дека ги труеме од хеликоптер, на такви луѓе тешко можеме да им објасниме, рече Вучиќ.