Ангеловска-Бежоска на Kонференција на белгиската централна банка: Постои висок степен на усогласеност на домашната регулатива за работењето на НБ со европската

Од:

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, учествуваше и имаше излагање на Конференција на високо ниво на централната банка на Белгија, каде што свои излагања имаа и европскиот комесар за правда, Дидje Рејндерс, претставникот на ММФ, Вaутер Босу и гувернерите на централните банки на Хрватска и Молдавија. На Конференцијата, како што соопштија од НБРСМ, се разгледуваа теми поврзани со примената на правото, со посебно внимание на правото во централнобанкарското работење, во Европската Унија и во земјите кандидатки за членство во Унијата.

Во своето излагање, Ангеловска-Бежоска истакна дека согласно со редовните оцени од страна на Европската комисија, законската рамка во однос на поставеноста и функциите на Народната банка е оценета позитивно и оваа рамка овозможува независност во работењето на централната банка, што е клучен предуслов за кредибилитетот на работењето и постигнувањето на основната законска цел, одржување на ценовната стабилност.

–Важноста на одржувањето на независноста на централните банки уште повеќе се истакна во периодот по глобалната економска криза, кога покрај традиционалниот мандат – ценовната стабилност, централните банки добија повеќе нови надлежности и започнаа да користат повеќе нови инструменти коишто имаат посилни редистрибуциски ефекти во економијата. Во такви околности, исто така, потребно е постојано да јакне транспарентноста и отчетноста во нивното работење, истакна гувернерката.

Зборувајќи во поширок контекст на примената на правото во домашната економија, Ангеловска-Бежоска нагласи дека институционалните фактори, вклучително и правниот систем се значајни детерминанти за странските инвестиции, коишто се особено значаен двигател на растот на малите и отворени економии, како што е македонската.

Спорд НБРСМ, со учеството на гувернерката Ангеловска-Бежоска на овој настан во организација на централната банка на Белгија се потврдуваат заложбите на Народната банка за постојано следење на трендовите во централнобанкарската заедница, навремено воведување на меѓународните стандарди и придонес кон евроинтеграциските процеси како залог за создавање услови за повисок животен стандард и унапредување на квалитетот на животот за граѓаните.

Би можело да ве интересира

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво