Земјотрес од 6,5 степени во близина на брегот на Никарагва

Од:

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на пацифичкиот брег на Никарагва, соопшти Американскиот геолошки институт, ненаведувајќи дали има евентуални штети.

Сеизмолошкиот инситут во Никарагва измери јачина на потресот од 6,6 степени според Рихтер и издаде предупредување за цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 50 километри од Масачапе, заедница на пацифичкиот брег на Никарагва, пренесоа агенциите.

Во земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтер, во Манагва во 1972 година погинаа 5.000 лица, а повеќе од 250.000 останаа без домови.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Тајван со јачина од 5,8 степени

Земјотрес во Нови Пазар

Два силни земјотреси го погодија Тајван

Горан Наумовски

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Силен земјотрес го погоди островот Јава