22-годишник ги нападнал полицијаците кои го запреле за брзо возење

Од:

22-годишно момче е приведено во Крушево откако при обидот да го запрат поради големата брзина ги довело во опасност полицајците, а потоа и физички ги нападнало кога го приведувале – инфромираат од Министерството за внатрешни работи.

„Вчера околу 21.40 часот во Крушево од полициски службеници од Полициската станица Крушево е приведен Н.Х.Л. (22) од Скопје, кој управувал патничко возило „хјундаи тусон“, со скопски регистарски ознаки, бидејќи при обид за негово запирање, пријавениот движејќи се со голема брзина ги довел во опасност полициските службенци, а потоа при приведувањето, физички ги нападнал“ – соопштуваат од МВР.

За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Би можело да ве интересира

Велешанец силувал Швеѓанка во дискотека во Охрид

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена

Момче загина во сообраќајка на патот од Радишани кон Побожје

Катерина Ѓуровски

Пијан скопјанец со 3,29 промили алкохол во организмот и предизвикал сообраќајка

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Пари од прометот на Комуналното претпријате Сарај украдени од бирото на директорот