Ѓорчев: Ни рекоа „За Живот во Македонија“, а државата ни е една голема гробница

Од:

Додека зборуваме во моментов се подготвуваат 33 погреби, денеска 33 семејства ќе ги испратат своите најмили и веќе никогаш да не ги видат, ќе молчиме затоа што власта не се ни дрзнува во Собрание да молчи за починатите свои сограѓани, минута молк затоа што болката е голема и затоа што мртвите се премногу, а неспособноста е ужасна, не е нормално да умираат по 30 луѓе дневно и никому ништо рече на денешниот протест пред Министерството за здравство членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев кој обраќањето го почна со минута молк.

Ѓорчев вели дека во Македонија не се умирало вака од Втората Светска војна, и не е нормално да имаме по 30-тина смртни случаи секој ден, Македонија буквално умира, луѓето се борат за секој здив.

-Ни рекоа „За Живот“ во Македонија, а државата е една голема гробница, ова ли е живот со 30 погреби дневно, Заевистан набавува вакцини преку сомнителни фирми, Заевистан во кој стотици одат во соседството да се вакцинираат, а државата е во петте најлоши држави по смртност во светот, Македонија има најмногу мртви луѓе во светот, а вакцини нема – порача Ѓорчев.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: И на Влатко Ѓорчев му измислија функција, нема пари за работниците има само за функционерите на ДПМНЕ

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

(ВИДЕО) Ѓорчев: Заради оваа катастрофална власт, Македонија исчезнува, стануваме држава без народ