• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

И македонските ветеринари ќе се вакцинираат против Ковид-19 во Србија

by А1он26/03/2021 - 20:2026/03/2021 - 21:15439
Share0

Членовите на Ветеринарната комора ќе имаат можност во недела и понеделник, на 28 и 29 март 2021 година, да се вакцинираат во Србија со вакцината на АстраЗенека. Како што соопшти Комората на својата веб страница, одобрено е барањето што било упатено до српската Влада преку Ветеринарната комора на Србија (ВКС).

Добивај вести на вибер

-Ве известуваме дека ВКМ во настојување да најде решение за што побрза вакцинација и заштита на своите членови од КОВИД-19, во рамки на одличните односи и меѓусебната соработка со Ветеринарната комора на Србија, потврдена со Договор за соработка потпишан 2017 година, се обрати со барање да посредува до Владата на Република Србија да овозможи вакцинација на наши членови. Денеска, на 26.03.2021 година, од Генералниот секретаријат на Владата на Република Србија преку ВКС сме известени дека нашите членови може да се вакцинираат во Ниш, со вакцината AstraZeneca, во недела и понеделник 28 и 29 март 2021 година, стои во соопштението на Ветеринарната комора.

Според претседателот на Комората, Томислав Николовски, оваа информација електронски е проследена до сите членови на Ветеринарната комора.

-Поради итноста, заинтересираните за вакцинација најдоцна до утре 27.03.2021, сабота, до 12.00 часот треба да внесат точни податоци и да се регистрираат во табелата која е линкувана во дописот. Дополнителни податоци за точно место и време за вршење на вакцинацијата ќе добиете во текот на утрешниот ден, наведува Николовски во соопштението до членовите на Комората.

Тој упатува јавна благодарност до претседателот на Ветеринарната комора на Србија, Мишо Коларевиќ за личниот ангажман и до Владата на Република Србија за пријателскиот и хуман гест искажан кон вработените во ветеринарно-здравствениот сектор во Република Северна Македонија.

Соопштението за вакцинацијата Ветеринарната комора го сподели и на својот официјален фејсбук профил.

На 17.03.2021 Ветеринарната комора до министерот за здравство Венко Филипче и Националната техничка работна група за вакцинација против КОВИД 19 испрати допис со кој побара вработените во ветеринарно-здравствениот сектор да бидат вклучени во приоритетните групи за имунопрофилакса.

kovid vakcinasrbijaveterinari

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Пет тони дрога поминале низ Македонија, кој ќе одговара за картелскиот скандал?

Горан Наумовски02/02/2026 - 11:26

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:0302/02/2026 - 09:03

ВИДЕО: Притвор за српските шверцери на марихуана набавена во Македонија

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:0601/02/2026 - 21:55

Транспортерите од Србија престануваат да го блокираат товарниот сообраќај на премините

Горан Наумовски30/01/2026 - 14:42

Србија повторно воведува задолжителен воен рок

Горан Наумовски29/01/2026 - 20:42

Возач на автобус (70) сексуално вознемируваше девојка (16)

А1он28/01/2026 - 18:4028/01/2026 - 20:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен