Мајката на четири деца, која водела тешка битка со ракот, пред да умре напишала писмо со 20 инструккции за своето семејство за среќен живот.
Во ова проштално писмо, напишано по двегодишната безнадежна борба со болеста Анмари на сопругот и своите четири сина им оставила неколку скапоцени совети:
Се што ќе направиш, ќе ти се врати, без исклучок.
Сам ја пишуваш својата судбина. Немој да дозволиш другите да го прават тоа наместо тебе.
Се што некој ти направил во минатото нема никаква моќ над тебе, освен ако ти не дозволиш.
Кога луѓето ќе ти покажат кои се навистина, верувај му на тој впечаток.
Загриженоста е губење на енергија. Подобро искористи ја да направиш нешто во врска со тоа што те прави да си загрижен.
Она во што веруваш, има поголема моќ од она што го сонуваш и од она што го сакаш. Секогаш ќе станеш она во што си верувал.
Среќата која ја чувствуваш е дирекно пропорционална на љубовта која ја даваш.
Својот неуспех искористи го како причина да тргнеш во нов правец.
Доколку направиш избор кој е спротивен од она што сите останати мислат дека е исправно, светот нема да се распадне поради тоа.
Верувај им на своите инстикти. Интуицијата никогаш не лаже.
Сакај се себе си и научи таа љубов да ја насочиш и кон другите луѓе.
Во работата нека те води страста.
Љубовта не боли. Напротив, чувството е одлично.
Секој ден е можност да се почне од почеток.
Сомнежот е сигнал за твоето “не”. Доколку се сомневеш, не брзај, размисли добро.
Кога не знаеш што да правиш, само биди стрплив и чекај. Одговорот сам ќе ти се покаже.
Лошото не трае вечно.
И ова ќе помине.
Биди секогаш верен на себе.