Потребно е законско продолжување на рокот на пасошите, Собранието не смее да се блокира, вели шефот на дипломатијата

Од:

Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека иницијативата за измени на законот за продолжување на важноста на пасошите треба да дојде од МВР и нагласи оти тоа е е уште една причина зошто Собранието не смее да се блокира. Тој соопшти дека за продолжување на рокот на пасошите имале состанок во Министерството за внатрешни работи.

– Ние ги разгледавме сите други можности како да им се олесни на граѓаните, особено на оние кои се во прекуокеанските земји, а на кои им е изминат рокот на пасошот. Ја разгледавме и можноста да пратиме мобилни екипи. Но, очигледно во Кина не можеме да испратиме, затоа што таму има 30 дневен карантин, за сите кои патуваат, па затоа не можеме нашите дипломати да ги испратиме. Со МВР донесовме заклучок дека треба да се смени законот. Таа иницијатива треба да дојде од МВР. Тоа е уште една причина зошто Собранието треба итно да се деблокира. Ние сме на врв на здравствена криза, со силни социо-економски последици и навистина е недозволиво политички игри кои ја блокираат работата на најважната институција на државата, да влијаат на судбината на нашите граѓани, кои или ги губат работните места или не можат да се вратат оти им е истечен рокот на пасошот, рече Османи.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија