Продолжува акцијата за деблокирање на Суецкиот канал, товарниот брод се уште е во иста позиција

Од:

Спасувачки екипи од повеќе земји ја продолжуваат акцијата за деблокирање на Суецкиот канал, каде заглавен товарен брод од завчера блокира едно од најпрометните трговски патишта во светот.

Бродот „Ever Given“ утрово се уште е во иста позиција. Неколку реморкери и други бродови се вклучени во акцијата за одблокирање, соопшти службата задолжена за сообраќај во каналот.

Nе е познато кога каналот повторно ќе биде отворен. „ Ever Given“ од 400 метри и тежок повеќе од 219.000 тони, пловел под знамето на Панама кон Ротердам. Се насука под налет на ветар додека минувал низ јужниот влез на Суецкиот канал.

Повеќе од 150 бродови не можат да продолжат да пловат низ каналот, што создава огромни загуби.

Јапонската компанија, која е сопственик на бродот, се извини за „огромната загриженост“ што ја предизвика инцидентот.

Суецкиот канал е долг околу 193 километри и ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море. Тој е најкратката врска помеѓу Азија и Европа.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски