Пратеник излегува од изолација, мнозинството има кворум во Собранието

Од:

Пратеникот Илија Николовски доби негативен резултат на коронавирусот, што значи дека од утре тој се враќа на работа во Собранието. Со ова, владејачкото мнозинство има кворум од 61 пратеник за донесување на закони, доколку во меѓувреме нема други пратеници кои се во изолација.

Претходните денови, Собранието не можеше да одржи седница бидејќи недостасуваше најмалку еден пратеник за кворум, а откако пратениците Николовски и Панчо Минов се заразија со коронавирус.

Решението за изолација на Николовски му завршува денеска. Тој во разговор за „А1он“ веќе кажа дека се чувствува добро и ако биде се во ред со контролниот тест, тој ќе се врати на работа. Пратеникот Минов и натаму останува на лекување поради заразата од коронавирус.

Според собранискиот сајт, претседателот Талат Џафери засега нема закажано пленарна седница за утре.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

Собранието одлучи: Нафтената кризна состојба се продолжува до 20 јули