Резултатите за коронавирус на Николовски клучни за одблокирање на Собранието

Од:

Од резултатите на тестот за коронавирус на пратеникот Илија Николовски зависи дали Собранието утре ќе има кворум од 61 пратеник за да се изгласаат низата закони, меѓу кои и пакетот мерки за граѓаните погодени од кризата. Тој беше заразен со коронавирусот, поради што му беше одредена домашна изолација. Решението му истекува денеска, а за да биде сигурен дека е здрав направил и контролен тест за вирусот. Освен него, во изолација е и пратеникот Панчо Минов. Николовски за „А1он“ вели дека се чувствува добро, но дека направил контролен тест за да биде сигурен дека повеќе не е заразен. Тој додава дека ако резултатот биде негативен, утре ќе оди на работа.

„Денеска ми истекува решението, бев изутринава на тестирање и ги чекам резултатите. Се надевам дека ќе биде се во ред. Јас се чувствувам добро, му кажав на координаторот дека ако треба ќе дојдам. Субјективно, се осеќам добро. Резултатите од крвната слика се добри. Утринава бев на тестирање, што инаку не се прави по десет дена, но за секој случај и чекам резултати во текот на денот. Ако биде се во ред, утре ќе одам на работа. Јас се надевам дека ќе биде се во ред“, вели Николовски за „А1он“.

Прашан дали знае како се заразил, Николовски вели дека не се сеќава дека бил во контакт со заразено лице.

„Јас направив повеќе анализи дали сум бил во контакт со заразено лице и не можам да дојдам до таков заклучок. Имав малаксаност, синот кажа дека и тој не е добар. Прво сопругата и синот отидоа на тестирање и добија позитивни резултати. Потоа веднаш се тестиравме јас и ќерката и излезе дека сите сме позитивни. Веднаш почнавме да примаме лекарства, додава Николовски.

Излегувањето од изолација на пратеникот Илија Николовски во текот на утрешниот ден е најбрзото решение за одблокирање на работата на Собранието. Ова доаѓа откако опозицијата одлучи да не учествува на седниците и излезе со барање да се одржи посебна седница за да се изгласаат само мерките за помош на граѓаните погодени од коронавирусот.

Спикерот Талат Џафери вели дека ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ е уцена, односно ултиматум. Тој во повеќе наврати посочи дека нема деловничка можност да го направи чекорот кој го бара опозицијата. Во однос на прашањето дали и кога ќе ја продолжи 36-седница, на која се заглави работата на Собранието, Џафери рече доколку нема договор меѓу пратениците нема да има резултат.

Би можело да ве интересира

Митрески: Борбата за работничките права не престанува никогаш

А1он

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

МЗШВ: Собранието го донесе новиот закон за вино, лозарите добиваат гарантирана откупна цена на винското грозје

Нов парламентарен состав до 28 мај

Катерина Ѓуровски

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски