Во македонските училишта се заразени 76 ученици и 123 наставници

Од:

Седумдесет и шест ученици и 123 наставници од наставата со физичко присуство се активни случаи на коронавирусот, согласно вчерашните извештаи од училиштата, информираат од Министетството за образование и наука.

– Хибридниот модел на настава резултира со помалку од 1 процент активни случаи на КОВИД-19 од наставниците и учениците кои се со физичко присуство. Во сите училишта каде што има позитивни случаи во наставата со физичко присуство се постапува навремено, согласно протоколите и алгоритмите, со цел да се спречи ширењето на вирусот и да се заштитат останатите ученици и учесници во образовниот процес. Доколку, пак, има проценка од епидемиолозите дека наставата треба да продолжи онлајн, се презема таква мерка од страна на училиштето во координација со родителите, велат од МОН.

Министерството за образование и наука додава дека дневно ја следи состојбата со вирусот во училиштата со цел да се заштитат сите наставници и ученици и да се овозможи непречен образовен процес.

Од Министерството посочуваат и дека наставата во основните и средните училишта се одвива согласно Планот и протоколите за организирање на учебната година одобрени од Комисијата за заштита на заразни болести и дека тие доследно се почитуваат и затоа овој модел на образование продолжува да се применува.

Би можело да ве интересира

Акција на Агенцијата за храна: Поделени казни и забрани, а уништена е и храна во угостителски објекти покрај училишта

Децата Роми најчести жртви на онлајн булинг, алармантни случаи на насилство и оружје во училишните ранци

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

Грција затвора повеќе од 700 училишта

Почнува новата учебна 2025/2026 година

Худолин: Ако има премногу деца во училниците, тогаш се отежнува учењето