РФМ ги определи наградите за машката и женската сениорска репрезентација

Од:

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, донесе одлуки за одредување на парични награди за сениорската женска и сениорската машка ракометна репрезентација.

Ракометарките ќе поделат 10 илјади евра за остварен максимален учинок (три победи) на квалификацискиот турнир за обезбедување бараж натпревар за пласман на СП Шпанија 2021.

Во случај да се избори учество на Мундијалот женската македонска репрезентација ќе добие 40 илјади евра.

Машкиот национален тим доколку го освои првото место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година ќе добие 40 илјади евра, за второ место и пласман на ЕП 2022 година со освоени 10 бода парична награда во висина од 30 илјади евра, додека за освоено второ место во квалификациска група во рамки на квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2022 година со освоени помалку од 10 бода парична наградата ќе изнесува 20 илјади евра.

Би можело да ве интересира

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

ВИДЕО: Полицаец со пендрек го удри репрезентативецот Филип Талески

Ана Ололовска

Македонските ракометари во група со Франција и Германија на ЕУРО 2024

Ана Ололовска

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

ВИДЕО: Инциденти на ракометно дерби, прекинат натпреварот Вардар – Еурофарм Пелистер

Горан Наумовски

Александар Јовиќ нов тренер на РК Еурофарм Пелистер

Ана Ололовска