Глас за Македонија бара итно одложување на пописот

Од:

Глас за Македонија бара пописот да биде одложен најмалку до идната пролет, кога евентуално, велат, ќе се стекнат безбедни услови за негово одржување.

„Во моментов епидемијата е во најголем пораст досега, пораст кој одзема човечки животи и со огромниот број на заразени, блиску сме до колапс на здравствениот систем. Владата не е способна да го имунизира населението. Живееме од лага до лага. Вакцини нема. Цели еснафи како новинари, полицајци, бизнисмени, поединци, спасот го бараат во соседна Република Србија која навремено набави доволно вакцини. И уште набавува. Таа и таква Србија, го одложи закажаниот попис, како што го сторија и повеќе европски земји. Таму политиката не управува со здравството, туку обратно: здравјето на луѓето пред се“, соопштува Глас за Македонија.

„Исто така, овој попис се прави по лоша методологија и закон, каде секој каде сака и како сака може да биде попишан. Ако во еден закон стои одредба: “оној што најмногу го познава лицето“ и дека практично секој може да ве попише, тогаш за какви релевантни податоци станува збор?

Во овој попис се замешаа и соседни земји како Албанија и Косово, каде наши високи функционери лобираат за голем одзив во албанските средини и дијаспора. Тоа една суверена земја не смее да го дозволи.

Поради сето ова, поголемиот дел од граѓаните нема да имаат доверба во резултатите од пописот. Со право, бидејќи сред епидемија и со лош закон, податоците навистина нема да се релевантни.

Кога веќе не сте способни да се носите со епидемијата која коси, покажете барем минимум свест и совест. Одложете го пописот кој е на пат да се претвори во попис „убиец“!!!“, се додава во соопштението на Глас за Македонија.

Би можело да ве интересира

Глас за Македонија: Итен прекин на преговорите со Република Бугарија

Ана Ололовска

Глас за Македонија не ги признава резултатите од пописот

Ана Ололовска

Отворено писмо од проф. Солза Грчева до министерката Мила Царовска

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Мега скандал за предизборен поткуп од страна на власта

А1он

Глас за Македонија: Бараме разрешување на министерот Филипче во следните 24 часа

Ана Ололовска

Глас за Македонија: Планот за борба против корупцијата е урнебес салата

Ана Ололовска